Суперталентиран Французин е на прагот на Серија А


Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓


Младиот голман на Тулуз, Албан Лафон ќе се пресели во Италија.

Голем број клубови го следат неговиот развој во Франција, а скаути испратија екипите на Арсенал, Њукасл, Вотфорд, па дури и Реал мадрид.

Како и да е, Рома и Наполи се подготвени да испратат свои понуди за услугите на младиот Лафон, а се претпоставува дека францускиот клуб ќе се откаже од него само ако пристигне понуда од 10 милиони евра.