Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Аргентинецот Карлос Тевез смета дека Лионел Меси ќе го слуша срцето кога ќе донесе одлука за својата иднина.
Меси и понатаму не го продолжи договорот со Барселона, па го поврзуваат со богати клубови, а Тевез смета дека срцето ќе пресуди.
„Не станува збор за пари. Меси го слуша своето срце. Не мислам дека толку лесно ќе заврши врската која ја имаат Барселона и Меси. Тој нема поради пари да го смени клубот.“
„Кога ќе дојде ден да замине од Барселона, тогаш тој ќе замине во Њуелс Олд Бојс. Тоа ќе биде неговата одлука. Ќе се врати дома.“
Меси за овој клуб играше како дете, а во 2001 година премина во Барселона и за првиот тим дебитираше во 2004 година.
Тевез неодамна од Бока Јуниорс се пресели во Шангај и рече дека таму ќе биде предизвик да се игра. Секако, не е тајна дека парите пресудиле за таа негова одлука.