Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓
Фудбалерите на Лион на домашен терен го победија Бешикташ со 2:1 во рамки на првиот натпревар од ¼-финале во ЛЕ.
Сепак, натпреварот помина во нереди помеѓу навивачите, па поради тоа натпреварот доцнеше 45 минути. Секако, од УЕФА не пропуштија да реагираат на тоа и стигнаа обвиненија на сметка на двата тимови.
Иако навивачите на Бешикташ ги нападнаа домашните навивачи поради што тие побегнаа на теренот, не се само гостите виновни за инцидентот, туку и домаќините ќе бидат жестоко казнети.
УЕФА го обвинува Лион поради пропуст на организацијата на натпреварот, гужвата на скалилата, неодземање на пиротехниката и поради влегување на навивачите на теренот.
Од друга страна, Бешикташ е обвинет за внесување на пиротехнички материјали и непримерно однесување на навивачите.