Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Ги навикна навивачите на големи засилувања, посебно во годините на избори, но сега не е под притисок.
Веќе навикнавме, пред избори, Перез ги зголемува шансите така што најавува големи засилувања.
Поради тоа, со исклучок на неколку години кога претседател беше Калдерон, Перез е прв човек на еден од најголемите клубови во светот.
Своето владеење го започна со доаѓањето на Фиго, а потоа следеа останатите играчи.
Кога се врати на врвот во 2009 година ги донесе Роналдо, Кака, Бензема, Алонсо, а го замени Анчелоти го замени со Мурињо и потоа плати светски рекорд за Бејл.
Сега е време за нови избори, па се прашуваат сите што ќе направи Перез.
Овој пат е поинаку затоа што зад себе има 2 титули во ЛШ во овој мандат, а нема сериозен конкурент, па не мора да донесува големи засилувања.
Перез би победил без проблеми, а навивачите се надеваат на некое големо засилување, а по се изгледа дека Азар и Гризман во овој момент се невозможна мисија.
Де Геа најверојатно ќе стигне, а се споменува и Мбапе, но и да се случи тоа, тој би останал во Монако на позајмица.
Една од метите е Верати, иако тешко дека ПСЖ ќе го пушти, а можно е Реал да се обиде да го донесе Бонучи како замена за Пепе.
Најверојатно ќе бидат продадени Родригез и Мората, а напаѓачкото трио ќе остане во тимот. Би можел да стигне Обамејанг, но пореално е тие да донесат некое помалку звучно име.
Засилувања исто така би можело да има и на позицијата на лев бек, но како што рековме, нема да има звучни засилувања.