Тотенхем на лето сака да го доведе Иван Перишиќ


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Се чини дека следната дестинацијата на Иван Перишиќ дефинитивно ќе биде Англија, само прашање е на време кога ќе отиде.

Играчот на Интер од минатото лето се поврзуваше со Манчестер Јунајтед, но од Интер одбија да го продадат својот играч.

Наводно одбиле понуда од 50 милиони евра поради која подоцна се покајаа, бидејќи подоцна репрезентативецот на Хрватска играше многу лошо и цената му падна.

Интер во еден момент беше спремен да го продаде Перишиќ за 30-40 милиони евра, а во јануарскиот преоден рок Хрватот беше на чекор од преминување во Арсенал, и изрази желба да го напушти италијанскиот тим.

Интер сепак одби да го продаде, а Перишиќ беше незадоволен од одлуката, па дури неколку натпревари не беше ни на клупата, а изгуби и поддршка од навивачите, но преодниот рок веќе беше готов па мораше да се помири со чинот дека ќе остане во Интер до крајот на сезоната.

Според наводите на Тутоспорт, Иван Перишиќ сега станал мета на Тотенхем кој сака да го доведе на лето. Наводно Покетино бил воодушевен од играчот на Интер на натпреварите од групната фаза каде што Тотенхем играше против италијанскиот тим.

Така сега уште еден клуб од Премиер лигата е заинтересиран за Перишиќ, па ќе биде многу занимливо на лето.