„Требаше се да биде готово по 25 минути“


Кој тепа, Ливерпул или Челзи!? ↓↓↓


Голманот на Јувентус, Џанлуиџи Буфон беше разочаран по поразот од Милан во Суперкупот. По 120 минути беше 1:1, а Милан победи на пенали, бидејќи промашија Манџукиќ и Дибала.

„Требаше да го решиме прашањето за победник во првите 25 минути. Милан тогаш се мачеше и уште тогаш можевме да победиме.“

„По тие 25 минути, беше израмнето, тие играа добро. Штета е затоа што го имавме водството и во регуларниот дел и на пенали.“

Буфон сепак не е во очај поради лошиот крај на годината.

„Не мислам дека е замор поради големиот број на натпревари, затоа што се прилагодивме на тоа. Имавме добра година, не ја завршивме како што сакаме, но и тоа е дел од фудбалот.“