Тренира со Манчестер Јунајтед, но наскоро ќе стави потпис на договор со Тотенхем

Од Тотенхем напорно работат на обезбедување на напаѓач за следниот период во кој ќе влезат без својот најдобар играч, Хари Кејн.

Англискиот репрезентативец се повреди на натпреварот со Манчестер Јунајтед и ќе отсуствува најмалку во следните два месеци.

Прв избор на Тотенхем наводно е напаѓачот на Ливерпул, Дивок Ориги кој би претставувал привремено решение за напаѓачката позиција.

Маурисио Покетино ќе се обиде да го донесе белгискиот интернационалец на шестмесечна позајмица, но се уште не е познато дали Клоп ќе се согласи да го прати својот фудбалер во Лондон.

Втора опција за „Петлите“ е фудбалерот кој моментов тренира со Манчестер Јунајтед, Џузепе Роси. Поранешниот италијански репрезентативец е слободен агент и би дошол без оштета во редовите на Тотенхем.

Она што може да ги натера челниците на Тотенхем за негов ангажман е тоа што тој веќе една недела тренира на високо ниво, а во јавноста доби пофалба од Оле Гунар Солскјер кој истакна дека за неговата напорна работа го пофалил лично и Сер Алекс Фергусон.