Тројца фудбалери на Спортинг Лисабон ќе добијат раскин на договорот

Фудбалерите на Спортинг Лисабон кои беа нападнати од страна на маскирана група навивачи на клубот ќе добијат предвремен раскин на договорите.

Бруно Фернандеш, Вилијам Карваљо и Гелсон Мартинс ќе добијат слободни документи откако потпишаа тужби кон управата.

Ист може да биде случајот и со голманот Руи Патрисио како и со напаѓачот Баст Дост кои исто така ќе побараат да си заминат од клубот.

Се уште не е позната судбината на нашиот интернационалец во Спортинг, Стефан Ристовски.