Уште еден голем трансфер во Кина, Интер добива 25 милиони!


Второ коло во ЛШ: Најголемото дерби се игра во Лондон! ↓↓↓


Преодниот рок во сериозните фудбалски земји во Европа е завршен, но пазарот и понатаму работи во Кина. Преодниот рок таму завршува на 26-ти февруари, а денес стигна интересна вест за уште еден голем трансфер.

Според медиумите, Евер Банега во наредните денови ќе тргне кон Кина за 25 милиони евра.

Се наведува дека Интер прифатил 25 милиони евра од Тијанџин кој наскоро ќе дебитира во лигата. Клубот не ги жали парите, па му дозволува на Канаваро да донесе атрактивни засилувања, па затоа тој ги донесе Витсел и Пато под неверојатни финансиски услови.

Банега ќе добива по 8 милиони евра по сезона доколку го прифати договорот, а нема причина зошто би ги одбил, кога и така не игра во тимот на Интер.

Минатото лето тој дојде како слободен фудбалер од Севиља, а сега може да му донесе на Интер дури 25 милиони евра.