Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Ванда Икарди јасно порача дека нејзиниот сопруг Мауро без никакви проблеми ќе ја предаде капитенската трака за следниот натпревар на Асамоа.
Голема прашина се крена откако навивачите на Интер на расна основа го навредуваа фудбалерот на Наполи Калиду Коулибали, а градоначалникот на Милано, Џузепе Сала верува дека после тоа капитенската лента на Нероазурите би требало да ја носи Асамоа.
И додека по тоа прашање засега Мауро Икарди не се огласи, неговата сопруга Ванда повторно се замеша таму каде најмалку треба – на терен.
„Мауро ќе биде среќен да ја предаде капитенската лента на Асамоа“- порача Ванда.
Не е уште познато дали репрезентативецот на Гана на натпреварот против Емполи ќе се појави со капитенската лента, но судејќи по изјавата на Ванда, тоа ќе се случи.