Фантастичен натпревар на „Филип Втори“


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Актуелниот шампион на Македонија, Вардар беше поуспешен во дерби пресметката против Шкендија со 4:2.

Вардарци со оваа победа до која стигнаа со пресврт и го нанесоа првиот пораз на Шкендија и со тоа се доближија до лидерот на табелата на шест бода со два натпревари помалку.

Бразилецот Жуниор го доведе гостинот од Тетово во водство во 27. минута од натпреварот. Со тој резултат се замина на одмор, а во второто полувреме видовме доста возбудлив натпревар. Најпрво во 55. минута резултатот го изедначи Фелипе кој погоди од белата точка. Претходно новиот фудбалер на Вардар, Максимов беше соборен во казнетиот простор од страна на голманот Захов.

Во 64. минута имаше пенал на спротивната страна кој во предност за Шкендија го претвори Бесарт Ибраими. Сепак, само една минута подоцна по одличната асистенција на Итало, резултатот по втор пат го изедначи Блажевски. Во 74. минута Фелипе погоди од голема далечина по катастрофалната интервенција на Захов, а конечниот резултат го постави вториот Бразилец во тимот, Итало.