До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Бразилскиот фудбалер Филипе Кутињо пред неколку недели го напушти Ливерпул и кариерата ја продолжи во дресот на Барселона.
Кутињо минатата недела дебитираше за каталонскиот клуб, а по натпреварот против Алавес, играчите добија слободен ден, па Бразилецот одлучи максимално да го искористи своето слободно време и замина за Ливерпул за да се поздрави со поранешните соиграчи.
Новиот фудбалер на Каталонците не стигна да се поздрави со сите играчи додека го напушти Ливерпул и одлучи да ја искористи првата шанса за да се врати.
Кутињо вчерашниот ден го помина со поранешните соиграчи од Ливерпул, а тоа го откри Адам Лалана, кој објави фотографија на Инстаграм.








