Фиорентина го повлече дресот со број 13 во чест на Астори!

Фиорентина донесе одлука да го повлече од употреба дресот со број 13, кој го носеше нивниот несреќно починат капитен, Давиде Астори, а истата одлука ја донесе и Каљари.

Астори три години помина во Фиорентина, а почина во неделата од последица на срцев удар додека спиел.

Во чест на Астори, Фиорентина го повлече дресот со порака:

„Овој дрес е засекогаш само твој“