Фудбалерот на Лацио добива понуди од Манчестер Јунајтед и Реал Мадрид


До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


Сергеј Милинковиќ-Савиќ игра фантастична сезона во дресот на Лацио и моментално е еден од најбараните играчи за врска во светот.

Во минатите недели се споменуваше дека за неговите услуги се заинтересирани голем број клубови, а по се изгледа дека на врвот се тимовите на Манчестер јунајтед и Реал Мадрид.

Наводно тој е фудбалер, каков што би им одговарал на двата клубови, а се смета дека двата гиганти се подготвени да понудат над 110 милиони евра за неговиот потпис.