Хајден и понатаму во тешка ситуација, има тешко оштетување на мозокот!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Поранешниот шампион во Мото ГП, Ники Хајден е и понатаму во тешка ситуација по сообраќајната несреќа која ја доживеа во Италија.

Тој удри во автомобил додека возел велосипед, а во болница во Чезена му се приклучија мајка му и брат му, како и свршеницата.

Хајден доби тешка повреда на главата и по операцијата е одлучено да остане во индицирана кома.

„Клиничката состојба на Хајден е критична. Тој и понатаму е на интензивна нега. Има сериозни повреди на мозокот. Не знаеме што ќе се случува понатаму.“

Хајден во 2006-та година беше шампион во Мото ГП.