Хирургот се врати во својот Минхен!

Таков фудбалер вечерва им фалеше на баварците.

Баерн вечерва изгуби на сите полиња. Да не беше Мануел Ноер, Баварците ќе доживеаа дебакл како оној пред три години.

Освен Ноер и Робен ретко кој во Баерн заслужи пофалби. Сите останати беа под потребното ниво. Роналдо е јунак, Видал трагичар, а гостите ја добија битката на средината на теренот.

Модриќ и Крос ги надиграа уморниот Алонсо и нервозниот Видал, а Касемиро успеа да го запре Алкантара. Интересен натпревар одигра Тони Крос кој прв пат играше против својот поранешен клуб.

Пред три години беше на погрешната страна на Алијанц Арена, а вечерва им покажа на баварците што загубија со неговото заминување.

Крос хируршки прецизно делеше топки и ја организираше играта на Реал. Од 78 додавања дури 76 беа точни. Процент на успешност, 97.4%.