Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Репрезентацијата на Хрватска на одличен начин го отвори Светското првенство со солидна победа против Исланд со 31:27.
Со оваа победа Хрватска се приклучи на нашата селекција со воведна победа во групата Б од Мундијалот.
Најефикасен во селекцијата на Хрватска беше Степанчиќ со осум погодоци, додека Лука Циндриќ натпреварот го заврши со шест погодоци.
Србија и Русија одиграа нерешен натпревар кој на крајот заврши со резултат 30:30. За Србија на овој натпревар не настапи голманот на Вардар, Дејан Милосављев. Инаку нашиот сосед имаше прилика да победи на овој натпревар, но испушти предност од еден погодок во самиот финиш на средбата.
Аргентина го направи најголемото изненадување во вториот ден од Светското првенство ремизирајќи со фаворизираната репрезентација на Унгарија со 25:25, додека пак Австрија со 29:22 беше подобра од Саудиска Арабија.