Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Хуан Мата по завршувањето на сезоната би можел да го напушти Јунајтед.
Според медиумите, Мата се наоѓа на мета на Бешикташ кој сака да го донесе.
За Бешикташ играат веќе неколку фудбалери кои во минатото беа ѕвезди, но без оглед на тоа, не би било големо изненадување тој да тргне по стапките на Кварезма, Абубакар, Тошиќ..
Мата со Јунајтед има договор до 2018-та година и моментално ситуацијата е таква што нема да го продолжи.
Доколку Јунајтед сака да заработи на него ова би била последна шанса за тоа.
Мата во Јунајтед стигна од Челси во 2014-та година за 45 милиони евра, а оваа сезона е еден од најдобрите во тимот за кои постигна 10 голови на 38 натпревари.