Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Артуро Видал изјави дека нема намера да замине од Баерн.
Во текот на јануари тој се поврзуваше со Челси, а за неговите услуги беше заинтересиран Конте со кој соработуваше во Јувентус.
„Челси? Нема причина зошто би заминал од Баерн. Го носам дресот со гордост. Се чувствувам добро, мојата сопруга исто така, а и децата се среќни тука во Минхен. Имам големи цели со Баерн.“
Видал игра во првиот тим на Баерн и оваа сезона одигра 17 натпревари, а постигна 2 голови и 2 асистенции.