Челси замената за Батсуаи ја пронајде во Вест Хем

Како што пишува еминентниот англиски медиум „Гардиан“ Челси овој јануари ќе се обиде да го донесе Енди Керол од редовите на Вест Хем.

Англискиот напаѓач е само еден од потенцијалните напаѓачи со кои клубот од Лондон стапил во контакт и му понудил договор за позајмица.

Конте не е задоволен со учинокот на Батсуаи па е во постојана потрага по втор напаѓач кој би го менувал Мората. Покрај Керол се споменуваше и името на Ричмонд Боачи, напаѓачот на Црвена Звезда.