„Челси ме повика, а јас лесно донесов одлука“


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Дефанзивецот на Рома, Антонио Рудигер призна дека добил понуда од Челси и дека лесно одлучил што ќе направи.

Тој долго време се поврзуваше со тимот од Лондон, но сепак нема намера да го напушти тимот на Рома.

„Челси? Можам да кажам дека Конте е одличен тренер, но одлучив да останам тука. Се бориме на три фронта и мораме да освоиме барем еден трофеј. Се надевам дека вториот натпревар против Јувентус ќе го реши прашањето за освојувачот на Скудетото.“

Да потсетиме, Рома би можела да го изгуби Костас Манолас за кој е заинтересиран Интер.