Челси со четири парчиња за Брентфорд, Стерлинг и Сане го решија Кристал Палас


Како е да се биде професионален Counter-Strike играч! ↓↓↓


Уште девет натпревари се одиграа до 1/16 финалето во ФА купот.

Челси на Стемфорд Бриџ го победи Брентфорд со 4:0.

Вилијан погоди од слободен удар за водство на Челси во 14-та минута.

Неколку минути подоцна Педро зголеми на 2:0.

Во второто полувреме резервата Ивановиќ постигна погодок за 3:0.

Конечните 4:0 ги постави Бачуаји од пенал. Челси се пласира во 1/8 финале.

 

Манчестер Сити на гости славеше против Кристал Палас, 0:3.

Стерлинг пред крајот на првото полувреме ги израдува граѓаните.

Сане во 71-ва минута ја зголеми предноста на Манчестер Сити, 0:2.

Пред крајот на натпреварот Туре ги постави конечните 0:3.
Резултати од останатите натпревари:

Блекбурн – Блекпул 2:0
Барнли – Бристол Сити 2:0
Линколн Сити – Брајтон 3:1
Мидлзбро – Акрингтон 1:0
Оксфорд – Њукасл 3:0
Рокдејл – Хадерсфилд 0:4
Тотенхем – Вукомб 4:3