Човек од стакло – Роуз повторно го повреди коленото!

Кошаркарот на Њујорк, Дерик Роуз доживеа нова тешка повреда поради која ја заврши сезоната.

Тој го скина менискусот поради што ќе мора да оди на операција, а очекувано време на оздравување е 6 недели.

Роуз, на кој повредите на коленото му ја уништија кариерата откако во 2010-та година беше МВП, тој просечно постигнува по 18 поени, 4.4 асистенции и 3.8 скокови.

Медиумите пишуваат дека неговата повреда е слична на таа од 2013, кога паузираше неколку месеци.

Тој игра добро оваа сезона, а просечно постигнуваше 10 поени во рекетот, како во споменатата сезона кога стана МВП.

Поради честите повреди не можеше да го даде максимумот од себе.