Чудесен тенис: Надал во фантастичен меч го совлада Тим за полуфинале во УС опен

Рафаел Надал во фантастичен меч кој траше пет часа дојде до победа над Австралијанецот Доминик Тим.

Тим фантастично влезе во мечот. Првиот сет го зеде со 6-0.

Меѓутоа, Надал се врати во игра. После големи борби и три брејка во самиот финиш на вториот сет, успеа да го добие со 6-4, да потоа во третиот сет направи брејк на Сервисот на Тим за сет, а пота во 12. гем повторно направи брејк и ги освои сетот со 7-5 за водство од 2-1 во сетови.

Голема борба се водеше и во четвртиот сет, па Австралијанецот успеа да го добие и израмни на 2-2.

До 11. гем на петиот сет се виде сигурна и мирна игра и од двете страни. Потоа Тим почна да прави почетнички грешки и му дозволи на Надал три брејк топки.

Меѓутоа, Австралијанецот почна да прави чудесни работи. Освои пет поени едноподруго и успеа да спраси сервис и да дојде до водство од 6-5 во овој деч од мечот.

Надал потоа освои ген на свој сервис, па дојде до 6-6 во гемови, а мечот бепе одлучен во тај-брејк каде што подобро се снајде Шпанецот.

Шпанецот во полуфинале го очекува дуел со Мартин Дел Потро.

Надал – Тим – 3:2 (0:6, 6:4, 7:5, 6:7 7:6)