Шаќири со порака до српските навивачи: Не се плашам да дојдам во Белград!


Се за новиот формат во Лигата на Шампиони! ↓↓↓


Фудбалерот на Ливерпул и репрезентативец на Швајцарија, Џердан Шаќири, ќе биде во центар на внимание во текот на дуелот помеѓу Црвена Звезда и Ливерпул на „Маракана“.

Шаќири не е омилен кај навивачите на Србија по прославата на голот против нив на Светското првенство, а популарните „Делии“ едвај чекаат да дојде на „Маракана“.

Сепак, Шаќири по победата против Ц. Звезда од 4-0 порача дека не се плаши да заигра во Белград.

„Не се плашам. Видов неколку статии на таа тема, но мене не ми е гајле за тоа што зборуваат луѓето. Одам таму да играм фудбал и тоа нема врска со политиката. Ништо друго не ме интересира, одам за да победам“, кажа Шаќири.