Шкендија ги доби потенцијалните противници за ЛШ!


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Актуелниот македонски шампион, Шкендија, имаше 16 потенцијални противници за првото квалификациски коло во Лигата на шампиони (ЛШ), но пред неколку часа таа листа беше намалена на само пет противници од УЕФА.

Шкендија може да биде задоволна што ги избегна Селтик, Лудогорец, Малме, Црвена Звезда, Легија, Астана, Розенборг и Хапоел.

Од можните противници, Шкендија се надева дека ќе ги избегне АПОЕЛ и Видеотон, а екипи кои ги посакуваат во првото квалификациско коло се ТНС (Велс), Шериф (Молдавија) и Карабаг (Азербејџан).