Шкендија е најдобра македонска екипа на вечната листа на УЕФА


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Шкендија забележа голем напредок на клупската листа на УЕФА, откако досега имаше две победи во квалификациите од Лигата на шампиони, па така го премина Вардар на листата.

Тетовци во моментов се на 163. место на УЕФА-листата, па така го преминаа Вардар, кој имаше лош настап во квалификациите на Лигата на Европа и сега се на 180. место.

Трет најдобар македонски клуб е Работнички кој се наоѓа на 218. место на листата.

Од Македонија на вечната листа на УЕФА се наоѓаат уште и Пелистер, Силекс, Шкупи, Металург, Ренова и Хоризонт Турново, кои се наоѓаат од 360. до 365. место.