Шокантни информации: Новинар прв пат прозборе за авионската несреќа


Кој тепа, Ливерпул или Челзи!? ↓↓↓


Еден од преживеаните во авионската несреќа која пред 2 недели се случи во Колумбија беше новинарот Рафаел Хензел.

Тој за шпанските медиумите прв пат даде изјава за целото случување во авионот.

„Прво тргнавме од Сао Паоло и по еден час стигнавме во Санта Круз во Боливија каде што чекавме авион за Меделин. Атмосферата беше одлична. Летот беше нормален се до турбуленциите и алармот кој го активираше стујардесата.“

„Летот беше продолжен за десет минути и на никој не му беше јасно што се случува.“

„Пилотот неколку пати ни кажа дека ќе слетаме за 10 минути. Одеднаш светлата се изгаснаа, а никој не даде известување што се случува. По неколку минути, авионот удри во земјата.“

Тој се сети на спасувачката служба која го извлекла од авионот.

„Имав среќа што се разбудив во момент кога доаѓаше тимот за спасување. Ме слушнаа како викам. Седев со двајца колеги, јас бев во средина. Имав неверојатна среќа да преживеам.“