„Шокиран сум од одлуката на Енрике!“


Второ коло во ЛШ: Најголемото дерби се игра во Лондон! ↓↓↓


Хрватскиот играч не можеше да верува дека Енрике ќе замине од тимот.

Многу повеќе од убедливата победа се рашири веста дека Енрике нема да биде тренер на Барселона од наредната сезона.

Иван Ракитиќ вели дека сите се шокирани поради оваа одлука.

„Влезе во соблекувалната и ни кажа дека заминува, сите бевме во шок.“

„Искрено, не очекував. Не ми падна ниту на крај памет дека нешто такво може да се случи. Што е, тука е. По минута молчење, сите му посакавме се најдобро.“

Со оглед на тоа дека Барселона тешко ќе помина во наредното коло во ЛШ по дебаклот во Париз, Енрике има шанса да освои двојна круна.