Шок за Интер, нивната ѕвезда одбива да го продолжи договорот

Медиумите во Италија пренесуваат дека еден од најдобрите играчи на Интер минатата сезона, Милан Скриниар одбил да го продолжи договорот со клубот.

Словакот кој беше трансфер цел на Манчестер Јунајтед и Арсенал го одбил новиот договор затоа што сметал дека заслужува да заработува повеќе.

Во моментов Скриниар заработува нешто помалку од два милиони евра по сезона, а од Интер му понудиле нов договор со кој ќе заработува по 2.5 милиони евра по сезона. Сепак, играчот од одбраната барал најмалку три милиони евра годишна плата.