Шок за Јувентус и навивачите - Дибала ќе го пропушти натпреварот против Барселона?

Аргентинецот Пауло Дибала се повреди на денешниот натпревар помеѓу Сампдорија и Јувентус.

Во 27-та минута беше заменет со Пјаца, а станува збор за повреда која не се знае колку долго ќе го тргне од терените.

Сега следува репрезентативна пауза од 2 недели, а ќе видиме колку Дибала ќе отсуствува и дали ќе биде подготвен за првиот натпревар во ¼-финале помеѓу Јувентус и Барселона.