Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Фернандо Иеро очекувано нема да ја води репрезентацијата на Шпанија во иднина.
Овој стручњак го превзеде националниот тим од Лопетеги кој доби отказ само ден пред почетокот на Светското првенство во Русија.
Веќе почнаа шпекулации за нов селектор на Црвената фурија. Четири кандидати се засега во конкуренција, а главен кандидат е сегашниот селектор на Белгија, Роберто Мартинез.
Меѓутоа, тој е врзан со договор со Црвените ѓаволи, па тешко да се очекува дека ќе ја напушти клупата на Белгија посебно ако оваа селекција остави добар пласман на Мундијалот во Русија.
Покрај Мартинез, клупата на Шпанија се поврзува со Луис Енрике и Кике Санчез Флорез.
Одлуката за нов селектор веројатно ќе се донесе во текот на август, а во наредниот период ќе се објават преговорите со сите кандидати.