„Јас сум навивач на Еспањол!“


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Тренерот на Тотенхем, Маурисио Покетино зборуваше на прес конференцијата за можното превземање на Барселона или Арсенал.

Овој 45-годишен тренер во својата кариера настапуваше за Еспањол од 1994 до 2000-та година, а потоа и од 2004 до 2006 година, пред да стане тренер во 2009 на тој клуб.

Покетино смета дека посветеноста е многу поважна од амбициите во кариерата.

„Јас сум навивач на Еспањол и го сакам тој клуб.“

„Нема потреба да зборувам повеќе за тоа. И кога би ми дале отказ од Тотенхем, би било невозможно еден ден да го водам Арсенал.“

„Многу е тешко да се задржат некои вредности и да се биде лојален во срцето. Но за мене, повеќе од тоа да се биде тренер или играч е да се биде посветен.“