Јувентус во преговори со Чан


Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст ↓↓↓


Јувентус е во напредни преговори со Емре Чан за трансфер во Торино. Сепак трансферот нема да се реализира оваа зима туку во летниот преоден рок.

23 годишниот германски интернационалец е слободен да преговара со секој клуб оваа зима затоа што влезе во последните шест месеци од договорот со Ливерпул.

Италијанскиот шампион притиска за Чан веќе подолг период, а „Скај Германија“ објави дека репрезентативецот на „панцирите“ нема да си замине од Ливерпул овој јануари.