Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Старата дама испрати скаути да следат тројца репрезентативци на Црвената фурија.
Прво тренер, а тогаш – засилувања.
Тоа е формулата со која ќе се води Јувентус во наредниот период, со цел да ја продолжат триумфалната низа во Италија и дополнително да ја зацврстат позицијата во самиот врв на европскиот фудбал.
Приказната за продолжувањето на договорот со Масимилиано Алегри може да заврши многу брзо, а условот кој трофејниот стручнак го постави пред Дамата е да му обезбедат силен проект за иднината.
Тоа, изгледа, е тоа што Јувентус сака и да му го исполни – да се посвети на купување на играчи со што треба да биде влог за годините што надоаѓаат.
Но, воедно и фудбалери кои можат да направат разлика веќе сега.
Торински Тутоспорт, инаку добро информиран за случувањата во двата локални клубови, јави дека Јувентус го следи трилингот на шпански репрезентативци и дека скаутите на италијанскиот шампион на големо ги следеле во дуелот на младата селекција на Фуријата и Италија, одигран во понеделникот вечер.
Во прашање се Ињаки Вилијамс, Ектор Бељерин и Марко Асенсио.
Тие тројца ги одиграа практично сите 90 минути од тој меч, поради тоа што само Асенсио од теренот излезе само неколку минути порано пред последниот судиски свиреж.
Како што се наведува, во игра е сума од преку 100 милиони евра! Со тоа што Јувентус ќе има сериозно тешка работа да ги капира споменатите тројца, Односно, сите поединечно од оваа група.
Бидејќи, Ектор Бељерин е одамна на радарот на матичниот клуб, Барселона, а голема желба е и на Пеп Гвардиола во Манчестер Сити.
Истотака, со недели наназад се шпекулира дека брзоногиот десен бек ќе изрази верност на Топџиите, и покрај тоа што во тежок период се наоѓа клубот.
Уште една негативна работа во ова потенцијално купување е тоа што Бељерин има важечки договор до 2023 година, а со тоа што Арсенал нема да задне на маса со купувачките доколку некој понуди помалку од 50 милиони евра.
Марко Асенсио се наоѓа на “ни на небо, ни на земја“ кога е неговата кариера во Реал во прашање.
Не игра многу, во друг план е кај Зинедин Зидан, а покрај се тоа тој изрази желба да остане и да се бори за дресот на Кралскиот клуб.
И покрај тоа, во Јувентус имаат желба да пробаат да го наговорат да се предомисли. Неговата моментална вредност е околу 25 милиони евра.
Асенсио е тип на играч каков што Јуве бара долго време. Офанзивен играч за врска, а подеднакво добро се снаоѓа на двете крилни позиции. Во случај ако овој трансфер, Јувентус има спремна листа на играчи со нешто подруги карактерискити, кои исто така покриваат нешто подруги позиции. А тоа се Сергеј Милинковиќ Савиќ и Корентан Толисо, инаку добри на сите места во средната линија на средниот ред.
Момчето кое го комплетира триото е Ињаки Вилијамс.
Во неговиот договор со Билбао стои откупна клаузула од 50 милиони евфра, а со тоа што Баскијците не сакаат да зборуваат за пониска, веќе за повисока цена.
Ињаги го следи и Барселона, а со тоа што Во Торино инсистираат да го следат развојот на ситуацијата околу еден од најталентираните млади играчи на Шпанија.