Јувентус останува без напаѓач – Манџукиќ го напушта тимот?


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Хрватски репрезентативец, Марио Манџукиќ наредната сезона би можел да настапува далеку од Италија.

Како што пишуваат голем број медиумите, Манџукиќ се наоѓа на мета на Галатасарај кој бара нов напаѓач откако Подолски ќе замине во Јапонија.

Манџукиќ во последно време игра на позицијата лево крило кај Алегри, а се погласни се шпекулациите дека тоа место е резервирано за Санчез од наредната сезона, кој се наоѓа блиску до преминување во Торино.

Во тој случај, Манџукиќ би го изгубил своето место во првиот тим на Јувентус и не би било чудно ако тој замине од клубот во лето.

Манџукиќ одигра 33 натпревари за Јувентус оваа сезона, а постигна 7 голови и 5 асистенции.

Договор со Јувентус има до 2019-та година, но тоа не значи дека тој ова лето нема да замине.