Јувентус останува без тренер: Позната е иднината на Алегри!?


Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓


Масимилијано Алегри е подготвен да го превземе составот на Арсенал, па така да ги прифати сите можни одговорности и предизвици во Англија.

Доколку Арсен Венгер замине од Арсенал на лето, а скоро јасно е дека тоа ќе се случи, Алегри би требало да биде неговата замена.

Медиумите пишуваат дека Алегри, кој има договор со Јувентус до крајот на летото, наводно веќе учи англиски јазик и сака да се приклучи на тренерската елита во Англија.