Јунајтед пазарува од Челси – Мурињо донесува искусен играч?


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


Искусниот играч за врска Сеск Фабрегас се наоѓа на мета на Јунајтед.

Фабрегас во последно време добива шанса во Челси кај Конте, па постигна и гол против Свонси минатиот викенд, а тоа му беше 23-ти натпревар за Челси во кои постигна 5 голови.

Веќе некое време за неговите услуги е заинтересиран Милан, а наводно во игра сега се вклучил и Манчестер Јунајтед.

Мурињо сака да донесе играч од поранешниот клуб, па така Фабрегас по Арсенал и Челси би можел да заигра во уште еден англиски гигант.

Управата на Јунајтед во лето ќе се обиде да го договори трансферот, иако Фабрегас има уште 2 години од својот договор.