Јунајтед победник во трката со Сити

Англискиот медиум „Дејли Стар“ пренесува дека Манчестер Јунајтед ја добил трката за играчот на Шахтјор, Фред.

Клубовите од Манчестер долго време беа во трка за бразилскиот интернационалец, а сега медиумите од Островот пишуваат дека сепак, Манчестер Јунајтед на крај излегол како победник и веќе од следното лето ќе ги обезбеди неговите услуги.

За Фред сериозен интерес имаше и од тимот на ПСЖ кој се уште будно ќе ја следи ситуацијата околу целата трансфер ситуација.