Ќе го запре ли некој? Нов гол на Јаховиќ за Гезтепе

Некогашниот македонски репрезентативец Адис Јаховиќ постигна нов гол во дресот на Гезтепе.

Корпулентниот напаѓач овој пат беше стрелец на гостувањето кај Карабукспор кое неговиот тим го доби минимално со 1:0 благодарение на неговиот погодок.

Со оваа победа Гезтепе се искачи на третата позиција во турскиот шампионат, а Јаховиќ се зацврсти на втората позиција на листата на стрелците со 12 голови, еден помалку од Бафетимби Гоми од Галатасарај.