Џабе Мурињо го форсира, Фелаини заминува од Јунајтед

Маруан Фелаини по се изгледа ќе го напушти Манчестер Јунајтед во летниот преоден рок. Белгискиот интернационалец се уште го нема продолжено договорот со „ѓаволите“ и веројатно на лето ќе замине како слободен фудбалер.

За 30 годишниот фудбалер постои сериозен интерес од клубовите од Турција, Бешикташ и Галатасарај, а во последно се повеќе се шпекулира дека и ПСЖ е заинтересиран за него.

Најновите вести кои доаѓаат од Белгија говорат дека за Фелаини се заинтересирал и Монако кој го гледа како идеално решение за средниот ред.