Џејмс Харден им вети на фановите дека никогаш нема да го напушти Хјустон


Како е да се биде професионален Counter-Strike играч! ↓↓↓


 

Супер-ѕвездата на Хјустон Рокетс покажа дека тој е Рокет од глава до петици, откако вчера на Твитер беше предизвикан никогаш да не го напушти неговиот актуелен тим.

 

Млад фан на Хјустон на социјалната мрежа Твитер му се обрати на Харден со барање никогаш да не го напушти тимот на Рокетси. Харден на тоа одговори со висока класа, како што му прилега.

Во минатата сезона Џејмс Харден беше валиден кандидат за МВП наградата, иако на крајот неговиот поранешен соиграч Расел Вестбрук беше оној кој ја доби.