Агентот на играчот на Ница го потврди интересот од Наполи

Агентот на Жан Мишел Сери потврди дека во тек се преговори со Наполи за трансфер на фудбалерот во Неапол.

„Преговараме со Наполи и тој е подготвен да го носи нивниот дрес“ –коментираше Френклин Мала, агентот на играчот од средниот ред.

Покрај Наполи сериозни кандидати за неговиот потпис се Арсенал и Челси, додека Манчестер Сити исто ја разгледува опцијата за трансфер на играчот доколку не дојдат до договор со Жоргињо.