Агуеро: Би можел да го напуштам Манчестер Сити во 2019 година


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Еден од најдобрите играчи на Манчестер Сити, Серхио Агуеро истакна дека постои можност да си замине од клубот во 2019 година кога неговиот договор со „Граѓаните“ ќе истече.

Аргентинецот кој со 178 гола е најдобриот стрелец во историјата на Манчестер Сити истакна дека планира да се врати во клубот од детството Индепендиенте.

„Од некаде излезе дека Милан и Реал Мадрид се заинтересирани за мене, не знам од каде излезе тоа но го прочитав. Но мојата идеја е кога мојот договор со Манчестер Сити ќе истече, јас да се вратам во Индепендиенте. Имам опција за продолжување на договорот со Сити на дополнителна една година, и тоа ќе биде приоритет, но да видиме што ќе се случува во иднина“- коментираше Агуеро.

Аргентинецот во моментов е на интернационална должност со својата репрезентација и се подготвува за пријателските натпревари против Русија и Нигерија.