Агуеро ја поддигна границата, постигна над 300 голови во неговата кариера


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Напаѓачот на Манчестер Сити, Серхио Агуеро ја премина границата од 300 гола, по постигнувањето на хет-трикот синоќа против Борусија Менхенгладбах во првиот натпревар од групната фаза во Лигата на Шампионите.

Со трите погодоци против германскиот тим, Агуеро веќе има постигнато 302 гола во својата кариера.

Во својата кариера, Агуеро има постигнато 23 гола за Индепендиенте, 101 гол за Атлетико Мадрид, 145 гола за Манчестер Сити и 33 гола за репрезентацијата на Аргентина.

Серхио Агуеро своите 302 гола ги постигна во 580 натпревари.