Адис Јаховиќ го постигна првиот погодок во новата сезона (Видео)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Македонскиот интернационалец, Адис Јаховиќ го постигна својот прв погодок во новата сезона во турската Суперлига.

Напаѓачот погоди за својот Коњаспор на натпреварот против Бурсаспор кој по финалните 90 минути заврши без победник, 1:1.

Јаховиќ го отвори резултатот уште во 2. минута кога одлично налета на една одбиена топка и во стил на голем стрелец ја смести во мрежата на гостинскиот тим. Сепак радоста на Коњаспор не траеше долго затоа што во 33. минута Бурсаспор израмни со гол од белата точка.

Во тимот на Бурса шанса за настап не доби нашиот интернационалец Јани Атанасов.