Адис Јаховиќ со два гола донесе победа за Коњаспор (Видео)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Македонскиот интернационалец од редовите на Коњаспор, Адис Јаховиќ одигра одличен натпревар во победата на неговиот тим со 3:2 против Касимпаша.

Напаѓачот беше стрелец на првиот и вториот гол за својот тим,  а победата ја комплетираше Фофана.

Најпрво Јаховиќ искористи една грешка на противничкиот дефанзивец, си поигра со гостинскиот голман и без проблем ја смести топката во мрежата на Касимпаша. Вториот погодок Јаховиќ го постигна со глава.

Со овие два гола искусниот напаѓач дојде до бројката од вкупно пет постигнати погодоци во турскиот шампионат.