Адријано го напушта Милан, познато е името на новиот клуб?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Бразилскиот напаѓач Луиз Адријано во летото 2015 година стигна како големо засилување во Милан од украински Шахтјор.

Навивачите на Милан очекуваа многу повеќе од Адријано, но бразилскиот фудбалер се покажа како промашување на Росонерите.

Иако требаше да го напушти Сан Сиро веќе во минатата зима на крајот се одлучи да проба да се докаже во италијанската екипа.

Сепак, Адријано речиси сигурно веќе во овој јануари ќе го напушти Милан, а италијанските медиуми пренесоа дека е познато името на неговиот нов клуб.

Наводно, Порто сериозно е заинтересиран за бразилскиот напаѓач и преговорите веќе се во тек.

Газета дело Спорт пренесува дека во трката за Адријано се вклучи и лисабонски Спортинг.

Меѓутоа, бразилскиот напаѓач веќе порача на челниците на Милан дека сака својата кариера да ја продолжи во Порто.