Азар жестоко му возврати на Сари: Не ми е гајле што тој говори!


Се за новиот формат во Лигата на Шампиони! ↓↓↓


Челси синоќа го порази Тотенхем и се пласираше во финалето на Лига купот, а пред оваа средба италијанскиот стручњак на клупата на Плавите говореше за Азар, дека тој е одличен фудбалер, но не и лидер.

Еден од новинарите после средбата го праша Азар, дали оваа изјава додатно го мотивирала, но тој порача дека не му е важно што Сари говори.

„Не ми е важно што говори тренерот. Сакам само да го играм својот фудбал и среќен сум“, порача Азар после мечот.

Инаку, Азар беше избран за најдобар играч на натпреварот.