Ако овој трансфер е вистина, Моура ќе го памети ова лето!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Бразилскиот фудбалер Лукас Моура би можел ова лето да го напушти тимот на ПСЖ.

Моура во 2013-та година стигна во ПСЖ за 40 милиони евра од Сао Паоло. Сепак, таму не го покажа целиот свој потенцијал.

Тој оваа сезона одигра вкупно 37 натпревари во Лига 1, од што започна 29 и постигна 12 голови и 5 асистенции.

Моура минатото лето се поврзуваше со заминување во Англија, но во тимот на Ливерпул и тоа не се случи. Тој има договор на уште 2 години со ПСЖ и по се изгледа дека тимот не би го пуштил толку лесно.

Медиумите пишуваат дека Мурињо има намера да го донесе Моура, но се споменува како втора опција.